Водата како извор на катастрофа:
Во денешно време како човечките активности така и природните процеси, како климатските промени, имаат влијание на квантитативните и квалитативните карактеристики на водата на глобално ниво. Водните екосистеми во голема мера се загрозени од овие активности. Главните фактори кои ја прават промената може да бидат точката на загадување и дифузното загадување кои се добиваат од човековите активности, како што се земјоделските активности, индустријата, станбениот развој, окупацијата на водните површини за изградба на инфраструктура од секаков вид, експлоатирање и мелиорација на природната вегетација, додека поради климатските промени, на екосистемите им се заканува суша и опустошување или поплави. Индикативни последиците од горенаведените квантитативни и квалитативни пореметувања во водната рамнотежата можат да бидат уништување на живеалиштата и воопшто на природната средина, недостигот на вода, создавањето на социјални и прекугранични конфликти, болестите и влошувањето на здравјето на луѓето и со тоа и губењето на животите.
Затоа, очигледна е потребата за заштита на водата преку механизмите на рационално управување. Главна алатка во нашата земја кон промоција, зачувување и заштита на водните ресурси е Европската Директива 60/2000/ ЕЕ која што ја вклучува меѓународната заедничка стратегија за управување со водните ресурси и има за цел, меѓу другото, спречување понатамошно влошување, заштита и унапредување на состојбата на водните екосистеми, како и непосредно зависните копнени екосистеми и мочуриштата во врска со нивните потреби од вода. Исто така, има за цел да се промовира одржливо користење на водите врз основа на долгорочна заштита на расположливите водни ресурси, на јакнење на заштитата и унапредувањето на водната животна средина, меѓу другото, преку посебни мерки за прогресивно намалување на испуштањата и истекувањето на опасни материи со приоритет и со престанок или постепено исфрлање од употреба на испуштањата и истекувањата на опасните материи со приоритет, за да се обезбеди прогресивно намалување на загадувањето на подземните води и да се спречи нивното натамошно загадување, како и за ублажување на последиците од поплави и суши. На овај начин се придонесува до обезбедување на соодветно снабдување на површинска и подземна вода со добар квалитет неопходен за одржливо, балансирано и правилно користење на водата, за значително намалување на загадувањето на подземните води, за заштита на територијалните и морските води и за остварување на целите на меѓународните договори.