Skip to main content

Водата како извор на животот:

Водата претставува еден од најважните витални ресурси за создавање на екосистемите. Познато е дека екосистемите се резултат на односите и интеракциите кои се јавуваат меѓу абиотичната  (вода, почва, светлина, итн) и животната (организми) средина.

Природните екосистеми се разновидни и може да бидат сувоземни, водни и морски. Во секој случај, водата е нивeн "структурен" елемент, а со тоа и нејзината заштита е од најголема важност. Се нагласува сепак, дека, подземните води, езерата, реките, морињата, океаните и мочуриштата се елементите на животната средина кои треба да се наоѓаат во добра состојба, квалитетна и квантитетна, при што помагаат за одржување на еколошката рамнотежа на планетата, но и на балансирање на локалниот, но и на глобалниот синџир на исхрана. Да не забораваме дека мочуриштата, во целост, придонесуваат во формирањето на глобалната клима и во зачувувањето на биодиверзитетот, додека дождовните шуми ги спречуваат поплавите и го заштитуваат аквиферот од нападот на солена вода или загадување.

youtube video