Како што се спомена погоре, првите населби во историјата на човештвото се создавале во близина на езера или реки, бидејќи овие области се соодветни за развојот на земјоделството и сточарството. Овие активности во суштина ја обезбедуваа храната во првите општества и затоа им беше овозможено постојаното престојување во една област, што истовремено би значело создавање на првите населби. Човечката историја се идентификува, со водата, што претставувала клучен услов за развојот на цивилизацијата.
Елементот на водата бил обожуван од древните цивилизации, и многу е јасно дека без него опстанок би бил невозможен. Водата беше божество, симбол на среќата и чистотата, младоста и здравјето, но и симбол на изобилството. Во грчката митологија многу божества како што Нимфите, ќерки на Зевс се поврзаа со слатките води и располагаа со моќи магични и оживувачки, додека речиси сите реки беа обожувани. Денес, исто така, се среќава во сите модерни религии како средство за прочистување.
Дополнително, водата се поврзува од антиката со науката за медицина. Така, термалните бањи биле составна фаза на лекување според Асклепиј, додека пак Хипократовата терапија систематски го проучувала влијанието на климата и лековитите својства на вода врз здравјето, формирајќи ја така основата за развојот на модерната хидротерапија. Терапијата во топли бањи еволуира во текот на годините, од антиката до денес, како што термичките природни ресурси постојано се промовираат како исклучително добри за одржување и подобрување на физичкото и менталното здравје.
Движењето на водата, нејзиниот звук, како и чувство на подмладување и благосостојба генерирано духовно и физички врз човекот различно влијаеа на уметноста, како што е утврдено во сликарството и скулптурата, музиката и литературата. Исто така, директно се поврзува со активности како спорт (пливање, водени спортови и др), рекреацијата (пешачење, canyoning итн.) и културата (музеи на вода, аквариуми, итн.) Сите погоре се само неколку примери кои ја опишуваат поврзаноста меѓу човекот и вода. Во секој случај, водата е животворен за човекот природен елемент кој ги предизвикува сетилата (слух, вкус, мирис, допир, поглед), што е од суштинско значење за неговиот опстанок, но и за подобрувањето на квалитетот на животот.
Исто така, водата може да се смета за основен структурен елемент, во обликувањето на географски предели. Очигледно е дека физичкото постоење на водата на едно место создава одредени услови во животната средина привлекувајќи и поттикнувајќи го развојот на разновидна флора и фауна, а интеракцијата со другите елементи на природата создава предели со посебни природни убавини но и со научното значење (Водопадите во Воден, Охридското езеро, Преспанското Езеро, систем езера Вегоритида – Петрон – Химадитида – Зазари и др.)
Структурни интервенции кои ја воведуваат водата во вештачки формирани предели, исто така, имаат повеќе позитивни ефекти врз луѓето. На пример, водниот елемент (реки, потоци, езера) во секторот за урбанизам, покрај сликата на пророден пејзаж што ја дава, ги подобрува микроклиматските услови на еден регион, делува како коридорно движење на урбаниот биодиверзитет, а истовремено е и централна тема која го привлекува интересот на луѓето за развој на различните културни практики.
Водата се поврзува, во голема мера, со биотските и абиотските компоненти на животната средина и е референтна точка на животот, централен објект како во научните така и во теориските размислувања.