Skip to main content

Основна карактеристика на водата на Земјата е нејзиното постојано кружење, кое што е последица на топлотното дејство на Сонцето и термичката динамика на атмосферата. Водата постојано кружи во природата помеѓу Земјата и атмосферата. Тоа постојано кружење на водата се нарекува хидролошки циклус. Водата константно циркулира помеѓу атмосферата, водените маси и копното. Под дејство на сончевата енергија секој ден испарува голема количина од која поголем дел се враќа повторно во езерата, морињата и океаните, а помал дел како падежи се распределуваат по копното, напојувајќи ги изворите и езерата со што го овозможуваат животот. Водата која што се троши и кружи на Земјата постои стотина милиони години. Водата се движи, го менува обликот, ја консумираат растенијата и животните, но никогаш за стално нé исчезнува. Во кружниот процес на водата таа се појавува во пет процеси: кондензација, врнежи, инфилтрација, истекување и евапорација или транспирација. Овие пет процеси заедно го сочинуваат хидролошкиот циклус.

            Водата е важна како растворувач за органски и неоргански материи, продукти на метаболизмот и благодарение на истото таа претставува основа на животот на Земјата. Молекулите на водата учествуваат во важни физиолошки процеси: во процесот на фотосинтеза водата е донор на водород, во клеточното дишење е еден од крајните продукти. Водата ја овозможува колоидната состојба во протоплазмата, а исто ака неопходна е и за терморегулација на живите клетки. Таа е неопходна за одржување на структурата на единство на клетката, ткивото и целиот организам.

 

 

 

 

 

 

Водата е предуслов за постоење на живот и претставува:

  • природно богатство
  • основен услов за постоење на живот и средина од која истиот потекнува
  • супстанција која е неопходна за комплетна биоценоза вклучувајќи го и човекот, незаменлива материја
  • извор на храна и минерали
  • средина за многу животни процеси
  • природен естетски елемент
  • средина за рекреација.
youtube video