Skip to main content

Водата е најмалата и наједноставна молекула која што ја вбројуваме во основните состојки на храната. Се состои од три атоми:два водород и еден кислород. Особено интересно својство на водата е тоа што има поларен карактер и има позитивни и негативни наелектризирани краеви или полови. Тоа својство а поларност овозможува негативно наелектризираниот кислород од една молекула вода да ги привлекува позитивно наелектризираните водородни атоми од друга молекула вода. Ова меѓусебно привлекување на две молекули вода се остварува со т.н. водородна врска. На пример молекулите во мразот и во течната вода формираат од една до четири водородни врски во било кој момент. Меѓутоа водородните врски се многу слаби и при секое поместување на водата истите се раскинуваат, но истовремено доаѓа до формирање на нови врски. Природната склоност на молекулите на водата да формираат меѓусебни врски повеќекратно се одразува во процесите на готвење. Водата примарно служи како одличен растворувач. Водородните врски не се создаваат исклучиво само помеѓу молекулите на водата. Истите врски настануваат помеѓу водата и протеините или јаглехидратите- важно е само да постојат поларни краеви. Тие наелектризирани краеви ги привлекуваат молекулите вода кои што ги обвиваат и раздвојуваат, при што овозможуваат растварање на материите во водата. Тоа се случува на пр. Кога ќе ставиме шеќер во вода или кога вариме супа и така ги раствараме протеините во вода.

Основна поделба на водите е на: изворска, минерална, столна и ароматизирана (овие води понекогаш се класифицираат и како безалкохолни пијалаци).

Минераната вода извира од подземни лежишта кои што се заштитени од било какви загадувања. Се одликува со природно присутни минерали и електролити и физиолошки влијае на човековиот организам. Заради содржината на минерали овој вид вода се препорачува за спортистите, физички активни луѓе и во периоди кои што се карактеризираат во зголемено потење.

Изворската вода се добива од подземни извори или лежишта и содржи помала количина минерали од минералната вода. Оваа вода се препорачува за секојдневна консумација кај сите старосни категории. Поради слаткиот вкус и специфичниот хемиски состав додавањето на изворска вода во некои деликатни сосови понекогаш е клучен фактор за балансирање на вкусот.

Столната вода е механички и хемиски прочистена вода која што се добива од подземните и површинските водени акумулации. Во споредба со минералната и изворската вода, оваа вода помалку се цени бидејќи нејзиниот состав е променет со хемиска интервенција, додека минералните и изворските води се природни и непроменети.

youtube video