Skip to main content

Проектот WATER.NET
Партнери
Општината Воден, општината
Охрид, Охридскиот универзитет и
Технолошкиот образовен институт
„Александрио“ во Солун.
Цел
Целта на проектот е прекугранична
соработка, промоција на културата,
прекуграничен туризам преку промоција
и заштита на богатите природни,
еколошки и водни ресурси, како и
зајакнување на прекуграничната
деловна соработка.
Активности
Во рамките на проектот се предвидени
низа активности.
1. Мобилни единици за еколошко
информирање - контрола на пристап со
соодветна опрема во двата града.
2. Контролирани еколошки рути и
микротематски образовни активности
за рекреација што се однесуваат на
вредноста на водата и пристап преку
изложби за 5–те човечки сетила.
3. Создавање на заеднички водич за
патиштата и приказните на водата, кој
исто така ќе вклучува и бизнис-каталог
од областа на тематските активности,
угостителството и многубројните
локални производи.
4. Три изложби - манифестации ќе
се организираат во областите Воден,
Охрид и Солун со цел да се прикажат
предностите на секоја област и една
конференција (во Солун) за вредноста
на водата.
5. Подготовка на специјална електронска
интернет-страница за доброволно и
социјално вмрежување за набљудување
на водните патишта.
6. Образовни апликации со мобилна
електронска опрема и алатки. Исто така,
се подготвува и специјален материјал за
промоција на проектот
Вкупната вредност на проектот е
530.000€.

youtube video