Skip to main content

Охрид, вечниот град на митскиот Балкан, со своето исконско пулсирање ги поврзува старите со новите времиња, за навек, бидејќи: тој е жив град две илјади и четиристотини години, град со археолошки докази за постоење уште од неолитот, легитимен наследник на Лихнид, град со вткаени дострели на силната античка цивилизација; градот Охрид е всушност културната историја на античка Македонија во мало. Како епископски центар во античките времиња, а подоцна и преку надалеку прочуената Охридска архиепископија низ вековите, градот ја претставува, исто така, целокупната црковна византиска историја на  и го носи епитетот "балкански Ерусалим". Охрид и Езерото покрај кое се издигнал, водата која значи живот, водата покрај која растеле и се развивале цивилизации, коегзистираат со векови. 

 

Охрид, градот на светлината

Ова не е приказна, туку реалност која е вечна, и оној кој досега никој не успеал да ја раскаже. Веројатно не се ни обидел. Постојат неколку места во овој свет, кои едноставно не се раскажуваат. Кога стоите пред нивните споменици, остатоците од цивилизацијата и храмовите во кои се заборава идентитетот, единственото нешто што му е овозможено на вашиот интелект е почит и размислување за количината на работите кои допрва треба да бидат откриени и истражени. Овде во Охрид најпаметните, најмудрите и најмоќните луѓе низ вековите имале само една цел - да остават барем еден свој белег. Охрид едноставно не може да се освои, но тoj веднаш ќе стане седиште на најмоќните луѓе и ќе продолжи да го живее својот живот каде освојувачот кој влегува во градот нема да го промени, туку ќе му се поклони.

Денес тоа е исто, како и во византиската ера, секој пат води кон Охрид.. Лицето доаѓа во Охрид, прво се воодушевува, а потоа длабоко во душата, се поклонува пред неговите белези, кои едноставно ве охрабруваме да ги разберете или можеби да се запрашате - зошто некои места се избрани да бидат поинакви, возвишени и единствени во целиот светот.

 

 

 

Таков е Охрид,

Античкиот Лихнидос, чија тврдина се споменува за прв пат од страна на историчарот Ливиј, уште во првиот век П.Н.Е. Според истражувачите, ова е местото каде што апостол Павле престојувал на неговото патување посветено на учењето и ширењето на верата во Христа.

 

Охрид е центар на христијанството за сите Словени, седиште на архиепископијата, седиште на училиштата и универзитетите, првите во овој регион, и уште повеќе. Денеска Охрид останува центар на археолошки локалитети и откритија. Охрид е градот со 365 цркви. По една црква за секој ден во годината.

Овој факт е евидентиран во 14-тиот век од страна на Евлија Челебија во неговите книги за патувањата, а уште во средниот век Охрид е наречен Словенски Ерусалим.

Градот на првите пештерски цркви на овие простори, во кои човек заборава на времето и просторот и добива единствени одговори. Градот каде монаштвото ја положи својата мудрост и Бог Неговата божествена мудрост.

Охрид е награда за византиската цивилизација - може да се каже или мисли само од страна на оние кои го виделе и го почуствувале. Почуствувајте го Охрид за еднаш во вашиот живот и веќе ќе знаете зошто ќе се вратите и зошто едноставно не може да биде прераскажан.

Охрид е културен, духовен и туристички центар на земја, и на крај, како круна на вредностите, Охрид и Охридското Езеро се светско културно и природно богатство под заштита на УНЕСКО од 1980 година! "

 

 

"Кога во сончев ден се капете во Охридското Езеро, и кога наеднаш ќе изроните од неговите длабочини и кога во еден еден миг ќе ја заплискате водата над себе, околу вас во круг, на мазната светлотемна површина се создаваат сребрени, проѕирни, големи и мали меурчиња. Во секое од нив двапати се огледува сонцето, како две искри со нееднаква големина. Кога ќе се доближете до едно од поголемите меурчиња, и ќе го задржите здивот за да не го разбиете, можете во него како во криво огледало да го здогледате своето лице, влажно и насмеано. А, над вас секогаш останува светлото сонце, како огромна ѕвезда. Сето тоа трае кратко, како секоја убавина, а се повторува безброј пати..."

 

Иво Андриќ, писател и добитник на Нобелова награда за литература (Фрагменти од патеписот "Крај светлото Охридско Езеро")

youtube video